речник контакт

Прљаво Казлиште на Питијадата!?

Гостите ќе ги забавува и Наум Петрески, но и други учесници..

Петар Печков

Нешто околу 40-тина дена од годинашната Питијада, која ќе се одржи за празникот 11-ти Октомври. ТРМР побара информација за тоа што велешани најмногу ги интересира, кој ќе ги забавува гостите на оваа гурманска манифестација. 

Одговорот го побаравме и добивме кај македонските менаџери, кои ги носат познатите ѕвезди во земјава. И одговорот е следен.

Најмногу шанси да гостуваат во Велес имаат Прљаво Казалиште од Загреб, останува само да се потпише договорот. Извесно е дека ќе пее и Наум Петрески.

Понудите до организаторот биле мошне интересни од Лепа Брена, Наташа Беквалац,  преку Жељко Јоксимовиќ, (кој пееше на Градски во Скопје ,на 28 август на плоштад во Македонска Каменица, на 7ми во Кавадарци, на 27-ми во Штип)  преку Амадеус бенд..

Но тиe биле одбиени. Преговорите со Прљаво Казалиште биле во завршна фаза и за некој ден може да  се очекува да биде потпишан договорот.  Од локалната  власт, ниту демантираат, ниту потврдуваат дека Хрватскиот рок состав ќе биде гостин во Велес.

Така по ланската супер забава со Црвена  Јабука, годинава  како гостин доаѓа уште еден етаблиран состав од поранешните ЈУ простори.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »